Пролет Лето Есен Зима Глобално Затоплување Ластовичка Назад Здраво, здраво, поле, ниво! Мили деца, здраво - живо! Здраво гнездо, дом о
Ластовичка Назад Здраво, здраво, поле, ниво! Мили деца, здраво - живо! Здраво гнездо, дом од злато. За љубовта прав е патот. Летав преку море, река, знаев тука ти ме чекаш. На крилцата мои лесни ти донесов црцор, песни. А за сите деца смели носам пролет - китки бели. Здраво, здраво, поле, ниво! Еј, на сите, здраво - живо!
Назад Поздрав до летото Јуни секогаш ни е гостин драг. Еве сега ни пристигна пак! Тој од нас никогаш ништо не проси, а што ќе му побараме - од срце ни носи. Мај што ќе засади и ќе посее, јуни ќе го обере и ожнее... Тоа го прави секое лето. И затоа е најсакан месец на светот. Зар не ти е убаво и тебе, кажи кога со јуни шеташ по песочните плажи? Или кога летуваш некаде во планина? Можеш ли да ја опишеш таа убавина? И не треба да се чудиш, или нешто да те буни. Зашто и летото почнува во јуни. Затоа, ајде вака да направиме: Со песна и игра летото да го поздравиме. Додека ни е гостин, додека трае секој од нас - каде и да е да биде весел, да игра, да се смее. Како јунското сонце нас што не грее!